Компанијата EUROFEDERN датира од 1995 година и оттогаш е активна на пазарот во Грција и пошироко на Балканот во прометот на резервни делови со врвен квалитет, наменети за тешки товарни возила, лесни професионални и работни возила и приколки, специјализирајќи се посебно во полето на резервни делови за амортизација (пружини).Гамата на производи од нашата понуда опфаќа голем број оригинални резервни делови и алтернативни кодови за сите видови тешки и лесни товарни и комерцијални возила, кои го прават нивното користење сигурно и ефикасно.Повеќегодишното искуство и постојаното проширување на нашиот асортиман нè квалификува како стручњаци во оваа област.Развиената дистрибутивна мрежа, која опфаќа снабдувачи од целиот свет, ни овозможува брзо и ефикасно да одговараме на растечките потреби на пазарот. Нашите производи можете да ги најдете и во голем број одбрани партнерски продавници ширум Грција и Балканот.Компанијата EUROFEDERN располага со два објекта со површина од 600 м2 и 250 м2 лоцирани во индустриската зона Диавата, на само 5 км од пристаништето и 18 км од аеродромот во Солун.

 



Ponude

espa
Login-iconLogin